Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЕЛАЦИЈА ПРЕСЕЧЕ: Началникот на УБК Грујевски не останува во Шутка, оди во домашен притвор!

АПЕЛАЦИЈА ПРЕСЕЧЕ: Началникот на УБК Грујевски не останува во Шутка, оди во домашен притвор!

Првоосомничениот во истрагата на Специјалното јавно обвинителство, Горан Грујевски ќе оди во куќен притвор.

Оваа одлука денеска ја донесе Апелациониот суд кој ја одби жалбата на СЈО а го поддржа Кривичниот совет.

Специјалното обвинителство бараше Началникот на петтата управа на МВР да остане во притворското одделение во Шутка.

Грујевски СЈО го товари и е прв осомничен организатор на уништувањето на системите со кои било извршено нелегалното прислушување во МВР.

Од СЈО нема ја коментираат оваа одлука додека не го видат официјалното решение на Апелација.

Да се потсетиме ...

На крајот на март Специјалната обвинителка Катица Јанева најави нова истрага позната како „Тврдина“.

Случајот кој Специјалното јавно обвинителство ќе го истражува е поврзан со незаконска постапка за уништување на опрема за следење на комуникациите.

Како што информираа од СЈО утврдено е дека незаконското следење на комуникациите е вршено преку искористување на уредите за прислушкување и тонско снимање на техничките капацитети на средствата за следење на комуникации при Министерството за внатрешни работи. Тројца осомничени се началници на оддели во УБК затоа што уништиле два система за следење на комуникациите, а третоосомничена е поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

СЈО тврди дека поседува голем број на материјални докази, како и изјави на сведоци. Ако се докаже вината, на осомничените им се закануваат казни затвор од 5 до 20 години.

„Тврдина“ е симбол за нешто што тешко се освојува. Јанева и нејзиниот тим ја почнаа акцијата за завземање на „тврдината“.

Тука може да погледнете  хронолошки приказ на сите активности кои ги презеле осомничените од МВР.

Слично

Поврзани вести