Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелација: Петковски да му плати 10.000 евра на Груевски

Апелација: Петковски да му плати 10.000 евра на Груевски
Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 2 - лидерот на НСДП Тито Петковски треба да му плати 650.000 денари на премиерот Никола Груевски поради нарушени чест и углед. Информацијата ја потврдија и од граѓанскиот суд, кој лани во јули ја донесе првостепената одлука за случајот. Петковски вели дека не е изненаден од потврдената пресуда. Тој очекувал да судот да досуди уште поголема отштета во корист на премиерот. Груевски го тужеше Петковски затоа што во октомври 2012-та година за неделникот „Фокус“ изјавил дека премиерот со официјално писмо до генералниот секретар на ОН во 2008 се согласил новото име да биде „Република Македонија (Скопје)“. Груевски тогаш бараше лидерот на НСДП да му плати 15 илјади евра оти  му нанел душевна болка, Судот само делумно ја усвои тужбата. Како течеше и заврши судскиот процес пред 6 месеци подетално на овој линк: Судот одлучи: Тито Петковски да му плати на Никола Груевски 650.000 денари за клевета и нарушување на угледот и честа
Слично

Поврзани вести