Апелација одлучува за Кежаровски
Апелацискиот суд денеска ќе ги разгледува жалбите на новинарот Томислав Кежаровски и останатите осудени во случајот „Ликвидација“. Кежаровски од првостепениот суд доби затворска казна во траење од 4 години и 6 месеци заради откривање на идентитетот на заштитен сведок за убиството во Ореше.
До правосилноста на пресудата тој е во домашен притвор. Процесот против новинарот предизвика реакции од меѓународни организации и новинарски здруженија, а се појавува како црна точка во сите извештаи за медиумските слободи во Македонија.
Ослободување на Кежаровски побараа ОБСЕ, Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари.
Пред една година протест во Скопје организираше Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски, но полицијата ги спречи насобраните граѓани да стигнат пред Музејот на македонската борба каде што протестот беше закажан да се одржи.
Слично
