Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЕЛАЦИЈА: На екс-директор на ФЗОМ Ѓорѓи Тренковски пак ќе му се суди

АПЕЛАЦИЈА: На екс-директор на ФЗОМ Ѓорѓи Тренковски пак ќе му се суди
Апелацискиот суд денеска ја укина ослободителната пресуда за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ѓорѓи Тренковски и случајот против него го врати на ново судење. Ова е вторпат во овој случај Апелација да ја укинува првостепената пресуда и предметот да го враќа на повторно разгледување. Тренковски е обвине за кривично дело - несовесно работење при раководењето со Фондот. Во истиот случај, за кривичното дело - злоупотреба на службена положба и овластување одговара и Весна Огненовска, некогашна директорка на „Градски аптеки“. Тие беа обвинети за малверзации тешки 450 илјади евра извршени со двојно плаќање на лекови. „Советот на Апелациониот суд – Скопје по јавно одржана седница донел пресуда КЖ-636/14 со која ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство, а кривичниот предмет се враќа на повторно судење пред првостепениот суд“, информираа денеска од Основниот суд Скопје 1. Со ова, двајцата обвинети пак се враќаат во судница. Тренковски во моментов е еден од раководителите на кавадаречката фабрика на „Дрекселрмаер“.
Слично

Поврзани вести