Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелација ја потврди тригодишнната затворска казна за Вранишковски

Апелација ја потврди тригодишнната затворска казна за Вранишковски
Три години затвор за расчинетиот владика Јован Вранишковски во судскиот процес „Расколник“ - Апелациониот суд денеска ја потврди првостепената пресуда со која тој беше осуден за перење пари. Жалбата на Вранишковски е одбиена, а во истовреме е потвррдена пресудата и за останатите 18 обвинети во случајот, меѓу кои се и мајката и сестрата на расчинетиот владика, кои добија две години условно. Според обвинението, Вранишковски и неговите соработници преку купување имот проневериле околу 240 илјади евра во периодот од 1998 до 2002 година. Од Основниот суд - Скопје 1 информираат дека „од Здружението за унапредување на граѓанските и верски слободи Анастасија с. Нижеполе, Битола се конфискува, во корист на оштетената Македонска православна Црква, непосредна и посредна имотна корист прибавена со кривичното дело што се состои во пари во износ од 4.940.400,00 денари. Исто така од обвинетиот И.П.  се конфискува во корист на оштетената Македонска православна Црква имотна корист прибавена со кривичното дело во вредност од 8.595.571,00 денари што се состои во недвижен имот – земјиште“. Ослободувањето на Вранишковски се поставуваше како услов од страна на Српската православна црква за продолжување на разговорите со МПЦ.
Слично

Поврзани вести