Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апелација ги сослуша жалбите на Кежаровски, но одлука нема денеска

Апелација ги сослуша жалбите на Кежаровски, но одлука нема денеска
Апелацискиот суд денеска ги сослуша жалбите на новинарот Томислав Кежаровски и на останатите осудени во случајот „Ликвидација“, но конечната одлука ќе ја донесе во следните денови. Кежаровски пред судскиот совет уште еднаш се изјасни за невин за делото за кое е осуден - откривање на идентитетот на заштитен сведок. Според него, текстовите кои ги објавил немале за цел да го загрозат заштитениот сведок или да го откријат неговиот идентитет, туку само од јавен интерес да укажат на пропустите во постапката. „Од текстовите зад кои стои Кежаровски објавени во Репортер 92 не може да се дознае идентитетот на заштитениот сведок. Во еден од текстовите има и телефонски број но судот не понуди доказ дека лицето го користело тој број. Пресудата против Кежаровски е во целост спротивна со практиките од Стразбур“, рече адвокатот Филип Медарски. За овој случај со првостепена пресуда Кежаровски беше осуден на затворска казна од 4,5 години. Своите жалби ги образложија и останатите осудени во случајот „Ликвидација“ за убиството во Ореше. Сите тврдат дека Основниот суд направил сериозни пропусти во постапката и при носењето на пресудата против нив. Апелација нема рок до кога треба да се произнесе.
Слично

Поврзани вести