Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЕЛАЦИЈА: Две години затвор за Бучковски!

АПЕЛАЦИЈА: Две години затвор за Бучковски!
Поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски е осуден на две години затвор со пресуда на Апелацискиот суд во Скопје. Бучковски доби затворска казна поради обвиненијата за спорна набавка на резервни делови за армиските тенкови. За истиот случај две години затвор доби и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски. Ова практично значи дека Апелацискиот суд им ги намали затворските казни на Бучковски и Стамболиски изречени во првостепената судска постапка и кои изнесуваа по три години. Промени има и во кривичните санкции за останатите обвинети во случајот - на Ацо Ѓурчевски, поранешниот државен советник во Министерството за одбрана и на Нелко Менкиновски, како и на директорот на МЗТ ФОБ Митре Петковски наместо затворски, им се изречени условни казни. Кривичниот суд во првичната постапка за случајот „Тенковски делови“ досуди вкупни затворски казни од 13 години. Според обвинението, Бучковски, Стамболиски, Менкиновски, Ѓурчевски и Петковски ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови "Т55" и го оштетиле буџетот за над 2 милиона евра. На Бучковски за ова дело претходно му беше изречена затворска казна од 3,5 години, но Апелацискиот суд го врати случајот на повторно разгледување, по што пресудата беше намалена за половина година.
Слично

Поврзани вести