Апел за помош: Да и помогнеме на Ивана!
Ивана Величковска (23) од Куманово боледува од тешка болест.
Таа подолг период се бори со леукемија и се наоѓа во многу лоша здравствена состојба. Поради тоа мора под итно да замине на лекување во Германија за што и се потребни 150.000 евра. Трансплантацијата на коскена срж треба да се изврши во германскиот град Фленсбург.
Нејзиното семејство не е во можност само да ги обезбеди парите, па затоа се молат сите граѓани доколку се во можност да донираат на жиро сметката 530500014791778 во Охридска банка.
Се очекува и телефонска линија на која ќе може да се донира!
Слично
