Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПЕЛ: Купувајте огревно дрво само од легална сеча

АПЕЛ: Купувајте огревно дрво само од легална сеча
Се намалил бројот на дрвокрадците во Македонија, покажаа податоците на ЈП „Македонски шуми“, но од претпријатието повторно апелираат до граѓаните да купуваат огревно дрво од само легална сеча, жигосано и со испратница. „Во спротивно, ако се работи за нелегална, дива сеча, граѓаните само ќе ги фрлат парите во вода. „Македонски шуми“ во соработка со Шумската полиција и МВР е постојано на терен и ги проверува пратките, врши контроли при транспортот на огревно дрво. Годинава дрвокрадството е со намален интензитет. Сепак, останува повикот до граѓаните ако евентуално забележат, да пријават нелегална сеча која го уништува шумскиот фонд и предизвикува ерозија“, рече  помошникот генерален директор Тони Јованов. Цената на огревното дрво сезонава е иста како и лани - 2.450 денари за кубен метар, а до 30 септември цените на буковото огревно дрво се намалени за 10 отсто за сите физичи лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош.
Слично

Поврзани вести