Економија, финансии, бизнис

Контакт

Апасиев: Да не го пуштевме законот, немаше да има зголемување на минималната плата

Апасиев: Да не го пуштевме законот, немаше да има зголемување на минималната плата

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, тврди дека вчера немаше да има договор за зголемување на минималната плата доколку двајцата пратеници на оваа партија не го поднесеа предлог-законот во Собрание закажан за дневен ред в четврток.

Добро утро жолти синдикалисти, порача лидерот на Левица, Димитар Апасиев утрово.

„Да не го пуштеше Левица предлог-законот во Собрание (при што секој пратеник кој ќе гласаше против ќе беше изложен на шејминг од народот) - сега наместо зголемена минимална плата, ќе имавте тикви со расол“, напиша пратеникот.

За 10 февруари е закажана собраниска седница на која на дневен ред се ставени и измените на Законот за минимална плата поднесени од Димитар Апасиев и од Борислав Крмов од Левица. 

Сепак, денеска вицепремиерот за економски прашања Фатми Битиќи во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека Владата уште вчера започнала со кроење на нов законски предлог кој треба да биде усвоен на денешната владина седница.

Битиќи најави дека законот ќе се најде во Собранието в четврток и се надева дека ќе биде изгласан уште в сабота. Вицепремиерот за заканите на Сојузот на синдикатите на Македонија дека ќе блокира фабрики и слободни економски зони не рече дека ја потикнале одлуката побргу да се донесе, но наведе дека е добро што во една демократија синдикалното движење е толку гласно.


Слично

Поврзани вести