Економија, финансии, бизнис

Контакт

АПАСИЕВ - Национализација на БЕГ: Регулаторна не му дава лиценца на град Скопје

АПАСИЕВ - Национализација на БЕГ: Регулаторна не му дава лиценца на град Скопје

Национализација на БЕГ, напиша денеска на фејсбук, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, а откакко неколку дена, компанијата не испорача доволно топлинска енергија за скопјани, па некои од нив се жалеа дека премрзнале.



Инаку Град Скопје веќе бараше да го преземе стопанисувањето на топловодната мрежа од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи", за што е формирано и претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас Градски енергетски систем (ГЕС). Меѓутоа, Регулаторната комисијата за енергетика (РКЕ) го одби барањето на Град Скопје и не издаде лиценца на ГЕС за вршење дистрибуција на топлинска енергија од градското јавно претпријатие.

По првичното негативно мислење на РКЕ, ГЕС поведе спор против оваа одлука. Според РКЕ голем е финансискиот ризик за државата затоа што „Балкан енерџи груп“ ја има концесијата за дистрибуција до 2023 година.


Слично

Поврзани вести