Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонио Милошоски и Рафиз Алити ќе бидат потпретседатели на Собранието?

Антонио Милошоски и Рафиз Алити ќе бидат потпретседатели на Собранието?
ВМРО-ДПМНЕ го предлага Антонио Милошоски, а ДУИ - Рафиз Алити за нови потпретседатели на македонското Собрание. Третото потпретседателско место останува празно заради неучество на опозицијата во работата на законодавниот дом. Двата предлози за Милошоски и Алити денеска поминаа на собраниската Комисија за избори и именувања и ќе му бидат предложени на Собранието, кое ќе треба да ги потврди. Се очекува одлуката да биде донесена на утрешната седница на Парламентот. „Третиот потпретседател ќе биде предложен дополнително, поради одлуката на опозицијата да не учествува во работата на Собранието“, информираше претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Зоран Илиоски.
Слично

Поврзани вести