Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антонио Аргир ја презеде лидерската палка во НЛБ Тутунска банка

Антонио Аргир ја презеде лидерската палка во НЛБ Тутунска банка

Една од трите најголеми и најуспешни банки во земјава со континуиран раст и развој како и бројни позитивни резултати НЛБ Тутунска Банка има нов претседател.

На челната позиција застанува Антонио Аргир член на Управниот одбор на Банката и долгогодишен директор на Деловната мрежа.

Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател на УО Ѓорѓи Јанчевски кој после 65 години возраст и 30 години успешно менаџирање со банката заминува во пензија.

Јанчевски искажа големо задоволство и сатисфакција што успеале да создадат нова модерна банка, систем што беспрекорно функционира.

„Воопшто немам дилема каква ќе биде иднината на Банката бидејќи Банката е изграден систем кој добро функционира, а она на што посебно сме горди-изградивме наша корпоративна култура и наши квалитетни кадри кои се гаранција дека нашата успешна приказна, која трае 30 години ќе продолжи на чело со Антонио“, изјави Јанчевски.

Новиот претседател Антонио Аргир најави амбициозна стратегија за следните пет години.

Синоќа НЛБ Тутунска банка со бројни гости, банкари, дипломатскиот кор и многу клиенти, прослави 30 години од основањето и работењето на македонскиот пазар со голема свеченост во Метрополис арената во Скопје.

„НЛБ Тутунска банка“ во ќар 13 милиони евра, 4,5 милиони евра повеќе од лани!

За само три месеци (јули-септември) НЛБ Тутунска банка ја зголемила добивката за безмалку 5 милиони евра, а нето приходите од камати во кварталот пораснале за 10 милиони евра!

„НЛБ Тутунска банка“, една од трите најголеми домашни банки, има фантастични финансиски резултати во првите девет месеци годинава, покажува неревидираниот неконсолидиран биланс на успех. За првите девет месеци секоја акција на таа банка носи добивка од 939 денари што претставува потенцијален принос од 14,4 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција постигната на берзата за хартии од вредност. Информациите за добивката многу веројатно дека можат да ја зголемат пазарната цена на таа акција, особено ако се има предвид тоа што пред неколку месеци банката од ланската добивка подели сочна дивиденда од речиси 500 денари за акција. А тоа е силно врежано во меморијата на инвеститорите особено затоа што нема многу други такви позитивни настани во скромната понуда за добри дивиденди кои беа поделени годинава.

Нето добивката на крајот на септември изнесува 801,8 милиони денари (над 13 милиони евра), а во споредба со истиот период лани таа бележи раст од 277 милиони денари (околу 4,5 милиони евра) односно раст од 50 отсто во споредба со добивката за првите девет месеци лани.  На крајот на првото полугодие годинава добивката на оваа банка изнесуваше 509,8 милиони денари и за последниве три месеци таа порасна за 292 милиони денари, што е исклучително солиден резултат ако се земе во предив дека просечниот квартален профит за првите две тромесечја изнесува 254,5 милиони денари.

Растат нето приходите од камати

Банката за првите девет месеци успеала да реализира нето приход од камати во износ од 1,785 милијарди денари. Во споредба со истиот период лани банката бележи раст на нето приходот од 290,9 милиони денари односно безмалку 5 милиони евра. Во споредба пак со првите шест месеци годинава нето приходите од камати во периодот јули-септември се зголемени за 608 милиони денари. Банката држи добор ниво и кај нето приходот од провизии и надоместоци. За првите девет месеци годинава по тој основ има прилив од 673 милиони денари (околу 11 милиони евра),  што е исто ниво како и лани. Во третиот квартал пак износот на нето приходи од провизии и надоместоци е зголемен за речиси 221 милиони денари што секако дека е солиден резултат.

Зголемени трошоците за плати на вработените, намалени резеврациите за лоши пласмани

Банката во овој период ги зголемила трошоците за плати на своите вработени за 30 милиони денари во споредба со истиот период лани до износ од 537 милиони денари. Оваа банка ангажира околу 700 вработени лица и како што веќе пишувавме дава најголема просечна плата по вработен во споредба со нејзината главна конкуренција: Стопанска банка Скопје и Комерцијална банка. Повеќе можете да прочитате на следниов линк http://faktor.mk/2015/10/08/faktor-istrazhuva-koi-se-najdobro-plateni-bankarski-sluzhbenitsi-vo-makedonija/

На расходната страна се гледа дека банката во овој период успеала да го намали и износот на резервации за потенцијални лоши пласмани и дека за таа намена се резервирани 524,3 милиони денари што е за 113 милиони денари помалку од резервациите направени во истиот период лани. Но во споредба со првите два квартали износот очекувано бележи зголемување и тоа за 190,6 милиони денари.

НЛБ Тутунска банка со нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка

Во овој месец од оваа Банка претставија нов продукт.

Отсега со картичките на Тутунска банка можете да плаќате на најсовремениот начин кој се користи во светот – бесконтактното и за само една секунда.

Бесконтактната технологија е наједноставниот начин да платите со картичка на продажни места, брзо, едноставно и безбедно.

НЛБ Тутунска банка, како современа и иновативна банка, која континуирано ги следи новите технолошки достигнувања, и овој пат во чекор со новите банкарски трендови, лансира нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка со можност за бесконтактно плаќање. Бесконтактното плаќање е нова технологија која овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС терминалот. За клиентите овој начин на плаќање, нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување на своите плаќања.

Слично

Поврзани вести