Протестите во Бугарија продолжуваат: Борисов од автомобил им објасни што е демократија
Во текот на вчерашниот ден мал број демонстранти го затворија сообраќајот на голем број клучни раскрсници во Софија. Ова предизвика сериозен бес кај народот во Софија, кои беа принудени да стојат во километражни сообраќани ленти. Протестите продолжија и денес.
Бојко Борисов, премиерот на соседна Бугарија на својот фејсбук профил објави видео во кое тој им испрати порака на антивладините демонстранти.
„ Кој сака, нека протестира, Но, дали е демократски на ваков начин да се нарушуваат нечии права? Дали е во ред да се напаѓаат и да се провоцираат полицајците? Нека има протести, но да не се затвораат патишта, да не се попречува нормалниот живот на луѓето“, порача Борисов.
Бугарскиот премиер, возејќи автомобил во видетото додаде: „Наредната година ќе има избори. Кој ќе победи, тој ќе ја води државата. Ете, тоа е демократија“потенцира тој.
Фото: Фејсбук
