Антивладини протести во Бугарија
Продолжуваат протестите во Бугарија. Откако бугарскиот Парламент по летната пауза денеска започна со работа, пред зградата на собранието се собраа над илјада демонстранти за да побараат оставка од актуелната Влада на премиерот Пламен Орешарски.
Од страна на полицијата беа зајакнати безбедносните мерки, а беше испратена и придружба за дипломатските возила со кои пратениците пристигнале до Парламентот, јавува Анадолија.
Помала група од демонстрантите исто така се обидела да влезе во парламентот, но полицијата брзо ги спречила во таа намера, а како што јавија бугарските медиуми уапсени се шест лица.
Антивладините демонстрации се организирале преку социјалните мрежи. Поради протестите Софија беше блокирана,а антивладиниот собир го поддржа и лидерот на главната опозициска партија „Граѓани за европски развој“, Бојко Борисов, кој им се обрати на присутните демонстранти и ги мотивира да продолжат со протестите.
Вообичаено, во близина на парламентот паралелно бил одржан и контра митинг на неколку стотина приврзаници на владата на премиеро Пламен Орешарски.
Слично
