Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антиваксерите го нарекоа усташ и Менгеле - Кон вели дека нема да им прости поради неговото потекло

Антиваксерите го нарекоа усташ и Менгеле - Кон вели дека нема да им прости поради неговото потекло

Oткако српски антиваксери протестираа пред домот на епидемиологот Предраг Кон, тој реагира дека го навредиле и дека нема да им прости. 

Вели дека иако се скандираше, тој ниту е злосторник, ниту е усташ. Повика граѓаните на Србија да не се приклучуваат на таа група. 

„Им се обраќам на сите граѓани на Србија, не им се придружувајте на злобниците! Тие скандираа дека сум Менгеле, а тој се смета за најголемото зло што постои, никогаш нема да им простам за тоа поради моето потекло. На крајот тие скандираа „уапсете го Кон“. Зошто некој да ме уапси? Дали е тоа поради пропусниците за ковид? Поради ставот кон вакцините? Не! Апсолутно нема причина некој да ме уапси“, изјави Кон. 

Од саботата  во Србија се применуваат ковид пропусниците. Кон е со став дека дека мерките против коронавирусот мора да бидат многу поригорозни и најави можност за продолжување на ковид пропусниците за период од 24 часа.

Во последните 24 часа во Србија има 63 починати како последица на ковид-19,  и 7.840 новозаразени, што е околу 2.000 повеќе од претходниот ден. 

Србија со денови има по 7.000 до 8.000 заразени. 

Дека ниту децата  не се поштедени, покажува и примерот со Албанија каде почина 5 годишно дете. 

Слично

Поврзани вести