Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антиваксери има и на Света Гора, а најмалку 40 монаси починале од ковид

Антиваксери има и на Света Гора, а најмалку 40 монаси починале од ковид

Антиваксери има и на Света Гора во Грција. Таму најмалку 40 монаси починале од коронавирусот, од вкупно 1.800, а околу 1.000 се разболеле, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Само 500 се имунизирани против ковид.  Двајца починале вчера, а  некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега. Весникот објави дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале да ги лекуваат грчки лекари.

По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу починати, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

Инаку, Грција ги казнува сите над 60 години кои не се вакцинирани против коронавирусот. Бројките на заразени растат во сите земји во регионот. 

Слично

Поврзани вести