Антитерористичка акција против лица поврзани со ИСИС
Продолжува операцијата „Ќелија“ против лица кои биле дел од синџирот на „Исламска држава“, објави Курир.
Врз основа на добиени Наредби за претрес на дом од страна на Судија на претходна постапка во врска со КД “терористичка организација” од чл.394 ст.2 од КЗ, извршени се вкупно 7 претреси од кои 6 во Скопје и 1 во Тетово кај вкупно 6 лица.
Според информациите на портлот, за време на претресите 4 лица се обезбедени и тоа Буњамин Г., Фарук И., Ергин У. од Скопје и Мустафа М. од Тетово, 3 лица не се достапни, од кои за 2 лица Сефет Р. од Скопје и Сулејман И. од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија.
За лицето Бурхан С. од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.
По извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.
