Антитерористичка акција почна во Слупчане и Ваксинце?
Утрово во 6:30 започнала акција на МВР за разбивање на добро вооружена терористичка група која била стационирана во реонот на Слупчане и Ваксинце.
Според информациите на фронт.мк во 7:15 минути веќе се слушале рафални истрели од огнено оружје, засега нема информации дали има уапсени или повредени.
Meѓутоа, од МВР ја демантираат оваа вест. Портпаролот Иво Котевски за „Република“ изјави дека нема никаква акција во тој регион.
– Министерството за внатрешна политика, чиј портпарол сум јас, утринава не спроведува никаква антитерористичка акција – вели Иво Котевски.
Слично
