Антикорупциска: Владата експресно го назначи Хасани за заменик-директор на УЈП
Државната комисија за пречување корупција на денешната седница и препорача на Владата да ја преиспита одлуката за иманувањето на Башким Хасани за в.д. заменик-директор на Управата за финансиска полиција.
Од Антикорупциска се сомневаат дека Хасани прескокнал одредени процедури на транспарентна и фер-селекција пред да дојде на местото на Берат Дехари на кого му истече вториот четиригодишен мандат на функцијата. И порача на Владата да спроведе процедруата како што е пропишано.
Од ДКСК овој случај го разгледаа по пристигната претставка за експресно именување в.д. директор на Управата за финансиска полиција по што биле побарани податоци од Владата.
„По проверката на информациите ДКСК заклучи дека не била почитувана процедурата претходно да се објави јавен оглас во најмалку три дневни весници, од кои еден на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто“, рекоа од таму.
Владата имала доволно време да го објави огласот зашто знаела дека му истекува и вториот мандат на претходниот заменик-директор и оти институцијата можела непречено да функционира бидејќи имала директор и не било неопходно експресно да се назначува негов заменик, велат од комисијата.
