Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска ќе проверува дали некој „лови во матно“ со донациите и тендерите

Антикорупциска ќе проверува дали некој „лови во матно“ со донациите и тендерите

Антикорупциската комисија соопшти дека во актуелниот период ќе проверува дали има злоупотреби со донациите во Македонија по повод епидемијата со заболувањата од корона вирусот, како и тоа дали јавните набавки се одвиваат прописно за време на вонредната состојба.

Од ДКСК велат дека во услови на криза искуството покажува дека постојат зголемени ризици од корупција,како во нашата, така и во други држави. Фокусот ќе се насочи на јавните набавки, дистрибуцијата на државна помош и донациите, како и работата на инспекторатите. 

- Очекуваме дека институциите ќе сторат сѐ, во внатрешните процедури кои се пишуваат врз основа на уредбите со законска сила да бидат вградени соодветни антикорупциски механизми, водејќи се од начелата на етичност, непристрасност и транспарентност. Дополнително очекуваме дека ќе се води јавна евиденција на примателите на државна помош (по различен основ) и донации, добавувачите во јавните набавки и субјектите на инспекциските проверки, се вели во соопштението.

Од комисијата укажуваат дека службените лица и субјектите од јавниот сектор да ги почитуваат начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, етичките норми и професионалните стандарди при извршување на своите јавни овластувања и должности.


Слично

Поврзани вести