Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антикорупциска бара да запрат „лопатите“ во предизборие!

Антикорупциска бара да запрат „лопатите“ во предизборие!
Антикорупциската комисија бара од политичките партии да ги почитуваат одредбите во Изборниот законик кои самите ги усвоиле. Државната комисија ќе реагира на секоја повреда на изборниот процес, вклучувајќи ги и јавните настани 20 дена пред почетокот на изборната кампања па се до нејзиното завршување, вели претседателот на Комисијата Ѓорѓи Сламков. „Во членот 8А, стои вака: „не можат да се одржуваат јавни настани 20 дена пред почеток на изборна кампања, па до нејзиното завршување“. Во овие јавни настани спаѓа - отпочнување со изградба или пак пуштање во употреба на инфраструктурни објекти и објекти за општествени дејности“, појасни Сламков. Претседателот на Антикорупциската комисија денеска обелодени дека е поведена постапка за проверка на имотната состојба на претничките Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шеќеринска од СДСМ.
Слично

Поврзани вести