Економија, финансии, бизнис

Контакт

Антиамериканско расположение во Турција – притисок за предавање на Ѓулен

Антиамериканско расположение во Турција – притисок за предавање на Ѓулен

Турција врши притисок врз САД да го предаде имамот Фетула Ѓулен.

Него Анкара го обвинува за обидот за државен удар кој се случи на 15 јули.  Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг вели дека антиамериканското расположение во Турција го достигна врвот по прашањето за Ѓулен и дека се ризикува тоа да се претвори во омраза. Тој во изјава за државната агенција Анадолија вели дека Вашингтон ќе го „жртвува“ сојузот со Анкара ако одбие да го екстрадира Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во Пенсилванија.

Турција го прогласи движењето на Ѓулен за терористичка организација и бара тој да се врати во Турција за да му се суди. Вашингтон бара да се достават докази за вмешаност на имамот во обидот за преврат.

Минатата недела, адвокатите на Ѓулен изјавија дека турската влада не обезбедила докази да ја докаже неговата вклученост во обидот за пуч и дека Ѓулен не треба и нема да биде екстрадиран.

Слично

Поврзани вести