Аншуѓев: Фирмите кои ќе продаваат електрична енергија кај нас ќе добиваат премиум од државата
Производството на електрична енергија од обновливи извори во Република Северна Македонија се очекува да се зголеми за три пати повеќе во наредните 4 години, истакна Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев на Форумот „Берлински дијалог за енергетска транзиција“.
„Владата има јасна стратегија како да го зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, користејќи ги природните ресурси кои се на располагање, фокусирајќи се на сончевата енергија и енергијата од ветерот, со оглед на тоа дека хидро потенцијалот е ограничен во секоја земја“, рече Анѓушев.
Владата на Република Северна Македонија започна со јавен тендер за 62 мегавати инсталирана моќност, истакна Вицепремиерот. Производството на електрична енергија од обновливи извори отвара нови предивици, предизвици кои можат да се надминат доколку земјите во регионот работат на создавање на заеднички енергетски пазар, потенцира Анѓушев.
„ Пазарот за електрична енергија денес е слободен, па инвеститорите освен што ќе може да ја продаваат електричната енергија на слободен пазар, ќе добиваат и премиум од државата. Токму премиумот ќе биде критериум во постапката и оние кои ќе понудат понизок премиум ќе добијат можност да градат фотоволтаични електрани, истакна Анѓушев.
Според него треба да се размислува во регионот и за регионален пристап за заеднички пазар за електрична енергија, со заедничка берза.
