Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Анонимуси“ до Вучиќ: Кукло на Путин, фашисто Александар, не губи време со твоите кучиња

„Анонимуси“ до Вучиќ: Кукло на Путин, фашисто Александар, не губи време со твоите кучиња

Стигнаа нови закани за српскиот претседател Александар Вучиќ. Хакерската група „Анонимуси“ испрати нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ нарекувајќи го „куклата на Путин“.

Тие соопштуваат дека се многу ангажирани и дека собрале имејл-адреси на стотици службеници од разни министерства.

Медиумите потсетуваат дека истата група пред неколку дена на еден од профилите на „Твитер“ тврдеше дека ги нападнале веб-страницата на војската на Србија и веб-страницата vucic.rs.

„Фашисто Александар, не губи време со твоите кучиња. Вашата војска сега не може да лае. Не потценувајте ги „анонимусите“, напишале на тој профил.

Пораката, дојде по објавата на „Инстаграм“ на Вучиќ кој објави фотографија на која си игра со кучиња. 

На Косово деновиве на Бадник и Божиќ, косовски Албанци нападнаа момчиња од српска националност. Две момчиња се повредели со огнено оружје, а третото имаше повреди на лицето од удари. 

Косово ја обвинува Србија за блиски врски со Русија, која пак ја гледаат како деструктивна. 

Слично

Поврзани вести