Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТНА КОМИСИЈА: Членовите не можат да се договорат како да ги истражат „бомбите”

АНКЕТНА КОМИСИЈА: Членовите не можат да се договорат како да ги истражат „бомбите”

Членовите на Анкетната комисија која треба да го истражува скандалот со прислушуваните разговори не можат да се договорат за своите надлежности.

Едни сметаат дека треба да се истражува содржината на разговорите и одговорноста, а  другите се за да се утврди кој и зошто прислушувал.

Од 16 членови, осум се од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и Роза Топузова Каревска како независен пратеник.

Наредните шест недели Комисијата ќе сослушува сведоци поврзани со веќе објавените политички бомби.

Секоја партија има право да повика по тројца, а седниците ќе бидат отворени за јавноста.

Тие ќе бидат затворени за јавноста само во случај кога ќе бидат презентирани класифицирани информации, или кога тоа ќе го побара некој од сведоците за заштита на неговата сигурност.

Првиот извештај треба да биде готов до крајот на јануари.

Слично

Поврзани вести