АНКЕТИ: Кој ќе победи на следните избори?
Анкетите на рејтинг агенциите треба да се гледаат како насока за располжението на електторатот, а не само како бројки, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски. При тоа тој објаснува дека во последните пет до шест години, особено кога се работи за политичко истражување постојано има дискрепанца меѓу резултатите што се добиваат од анкетите и реалните состојби на терен.
„Ќе посочам пример дека анкетите ги утнаа резултатите во Фрнација, потоа за референдумот во Грција. И анкетите во Македонија не соодветсвуваат со резултатите на терен. Дали луѓето се плашат кога одговараат, дали премногу се анкетира, има многу фактори за анализа, но, се покажува дека одговорите на прашањето „За кого би гласале ако изборите се одржат утре“, не го даваат точното политичко расположение на електоратот, вели Арсовски.
Арсовски објаснува дека на сите анкети најчесто се применува дополнителен подер за да се претстави политичкото расположение на граѓаните и затоа анкетите не треба да се гледаат како бројка, туику како насоко кои го даваат расположението.
„Во таа смисла, два заклучоци може да се извадат од последната анкета на ИРИ, а тоа е дека се намалува разликата меѓу власта и опозицијата, односно дека опозициското расположение се зголемува, но власта и натаму води, и не сме виделе досега ниту една анкета во која опозицијата води“, вели Арсовски.
Според Арсовски вистинскиот турбуленттен период ќе следи доправа, особено ако се постигне договор во преговорите меѓу власта и опозицијата, бидејќи тој ќе значи тектонски поместувања во извршната власт и политичката сила.
Во анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), премиерот Никола Груевски има најмала доверба од 2007 година па досега.
На прашањето дали премиерот Никола Груевски добро си ја завршил работата и заслужува реизбор 55 отсто од анкетираните сметале дека не заслужува уште еден мандат. А додека само 32 % од испитаниците сметале дека заслужува уште еден нов мандат, процет што е најмал од откако Гриевски е на власт.
Дури 61% од испитаниците сметаат дека политичката состојба во земјава е интезивна и несигурна, а истовремено расте бројот на оние кои политичката состојба ја оценуваат како критична и нестабуилна и изнесува 23%.
Понатаму 52% од испитаниците сметаат дека нивните телефони се прислушувани, а 34 % од испитаниците сметале дека инцидетнитте во Куманово скои се случија пред извесно време, биле по нарачка на владата.
Меѓународниот републикански институт ИРИ анкетата ја спровел од 6 до 15 јуни. Но, еанкетата на ИРИ беше објавена откако пред десетина дена државната агенција МИА објави дел анкетата, што се однесуваше само на рејтингот на политичките партии во земјава. ТПри тоа, тој дел од анкетата покажа дека во ВМРО-ДПМНЕ доверба имаат 23 отсто, а додека во СДСМ 11 отсто од граѓаните.
Сепак, пред два дена кога ИРИ и официјално ги испрати резултатите од направената анкета , таму ги немаше резултатите кои се однесуваа на рејтинзите на политичките партии и како и на политичарите, а од ИРИ објаснија дека тој дел бил наменет само за политичките чинители со кои ИРИ соработувала, односно не било наменето да се објави во пошироката јавност.
Слично
