Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкетарите не доставиле 282 прашалници од теренската проверка

Анкетарите не доставиле 282 прашалници од теренската проверка

Уште 282 прашалници од теренската проверка на гласачи анкетарите не ги доставиле, рекоа денеска од Државната изборна комисија.

Овие 282 прашалници се од вкупно 87.352 прашалници што им биле поделени на анкетарите. Во Велес и Крива Паланка недостасуваат по 5 прашалници, во Гостивар 15, во Карпош 23, во Чаир 71, во Штип 1, а најмногу во Куманово, каде фалат 114 прашалници. Во Тетови и Гази Баба има разлика меѓу прашалниците и е-базата.

Анкетарите директно оствариле контакт со 35.481 гласач, а за повеќе од  41.000 податоците кои анкетарите ги барале ги дале блиските.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, објаснува дека не треба да се прави драма околу прашалниците што не се добиени, затоа што методологијата за прочистување на избирачкиот список нуди решение и за ваква ситуација.  ДИК вчера со седум гласа „за“ и два „против“, го усвои извештајот за податоците од теренската проверка, а Чичаковски предложи анкетарите и контролорите од подрачните единици да поднесат извештаи во кои ќе ги изнесат причините поради кои ги нема прашалниците и ќе ги наведат имињата на лицата на кои се однесуваат тие анкетни листови.

Слично

Поврзани вести