Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: За граѓаните извршната власт има поголема контрола врз Собранието

АНКЕТА: За граѓаните извршната власт има поголема контрола врз Собранието

Граѓаните сметаат дека извршната власт има поголема контрола врз Собранието отколку што Собранието ја контролира Владата.

Ова го покажуваат резултатите од теренска анкета на Институтот за демократија  за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието.

Од анкетираните граѓани 57% одговориле дека контролата на Владата врз Собранието е голема или соодветна, а за 55% Собранието има мала или нема никаква контрола врз извршната власт.

Од испитаниците 55% рекле  дека законите во Македонија се менуваат често или премногу често. Вработените во приватниот сектор најчесто одговараат (59%) дека законите се менуваат премногу често.

Повеќе од  две третини од граѓаните вклучени во анкетата,  сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси. Половина од испитаниците велат дека пратениците секогаш застапуваат бизнис интереси, а 53% од анкетираните кажале дека пратениците само понекогаш ги застапуваат интересите на граѓаните.

За 56% од испитаниците Собранието е целосно или делумно затворено за учество на јавноста во неговата работа. За 46% пратениците се затворени за забелешките на јавноста и граѓанските организации при изработката на законите, а 42% се изјасниле дека во некоја мера се земаат предвид овие забелешки. За повеќе од една третина (38%) од испитаниците имињата на пратениците од нивната изборна единица/општина/регион беа непознати. Од анкетираните 47% одговорија дека пратеникот од нивниот регион не е достапен за средби со граѓаните, а само 29% дека е достапен.

Испитаниците сметаат дека пратеничките прашања се користат за рекламирање на Владата (60%) и за критикување на Владата и другите институции (52%). За 50% пратеничките прашања се корисни за полагање отчет на институциите, а за 44% се корисни за информирање на граѓаните за работата на Владата. Испитаниците се поделени околу впечатокот дали овој инструмент има влијание врз обезбедувањето одговорност на институциите. Еднаков дел од нив се согласуваат (45%) и не се согласуваат (45%).

Според 62% од испитаниците, владејачкото мнозинство воопшто или во најголем дел не ги зема предвид арументите на опозицијата при носењето на одлуките.

Слично

Поврзани вести