Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА ЗА БИЗНИС КЛИМА: Што очекуваа, а со што се соочија австриските инвеститори?

АНКЕТА ЗА БИЗНИС КЛИМА: Што очекуваа, а со што се соочија австриските инвеститори?
Ненавремените плаќања, корупцијата и бирократијата и натаму ја отежнуваат бизнис климата. Дополнително, капиталот бара стабилна политичка клима и инфраструктура. Ова се дел од наодите во новото, второ по ред анкетно истражување што беше спроведено од Секторот за трговија на Австриска амбасада со кое се опфатени австриските бизнисмени, односно инвеститори во земјава. Барањата кои можат да помогнат за подобрување на бизнис-климата, веќе се испратени на адреса на Владата. Во Македонија работат 45 до 50 компании од Австрија во кои се вработени од 5 000 до 6 000 лица во земјава. Предности и слабости на бизнис климата... “Осигурителната компанија “UNIQA“ која е присутна во Македонија од 2004 година својата 10 годишнина од постоењето во Македонија ја обележи со многу стабилни резултати. Фокусирајќи се кон клиентите, се обидуваме да имплементираме нови производи во Македонија користејќи го најдоброто искуство на Австрискиот осигурителен пазар, не споменувајќи ги квалитетните отплати на штетите, што се наш приоритет. Иако економската состојба не се развива како што очекувавме, сигурни сме дека квалитетните услуги што им ги нудиме на нашите клиенти ќе ни овозможат и во иднина да имаме позитивен раст“ - оцени Саимир Џамо, генерален директор на австриската осигурителна компанија UNIQA. Тој е дел од новото истражување за бизнис климата во земјава што го спроведе Трговското одделение при Австриската амбасада во Македонија. Анкетираните австриски бизнисмени ги посочија предностите но и недостатоците и проблемите со кои се соочуваат. Инвеститорите од Австрија се пооптимистични за втората половина од годинава а поголем оптимизам има и за 2015 та. Еве што покажала анкетата меѓу австриските бизнисмени: -Условите за привлекување на странски инвеститори како добири биле оценети од 26% од анкетираните а како задоволителни 51%. -Моменталната економска состојба од 39% е оценета како задоволителна, а од 23 проценти како добра а 36% како незадовителна. -За 2014 година, 55% се изјасниле дека состојбата ќе биде слична, 40% подобра. -Во 2015 година, 54% очекуваат нивниот сектор да се развива. -Моменталната состојба во својата компанија 50% ја оцениле како задоволителна, а 32% како добра. -Раст во компанијата до година очекуваат 62% а 47% изјавиле дека бројот на невработени ќе остане непроменет. -Раст на инвестициите во фирмата очекуваат 45% од анакетираните. Герхард Шлатл од Трговското одделение при Австриската амбасада оцени дека во однос на лани има напредок во борјот на фирми кои економската состојба ја оцениле како добра. “Во 2014 спроведовме анкета за бизнис климата во Македонија, по втор пат. Во споредба со резултатите од лани, австриските компании се за нијанса пооптимистични за 2014 и уште поомтимистични за 2015 година. Половина од компаниите очекуваат поголем промет и планираат нови вработувања и зголемување на инвестициите. Сепак, постојат и бројни предизвици. Трите врвни приоритетни барања (очекувања) на австриските компании во однос на mакедонската Влада се подобрување на инфраструктурата, намалување на бирократијата и борбата против корупцијата. Нaшата канцеларија, проактивно, поддржува голем број австриски компании кои се соочуваат со тешкотии на македонскиот пазар, посебно кога се работи за јавни набавки “ - изјави Шлатл. Сепак, истражувањето покажало и неколку слабости. Имено австриските претпријатија задоволително ја оцениле aтрактивноста на Македонија како дестинација за странски директни инвестиции, но во однос на општите услови за работа, најголемите разлики меѓу очекувањата и реалноста имало во делот за меѓусебните навремени плаќања, борбата против корупцијата и напредокот во ЕУ интеграциите. “Трите најголеми приоритетни барања, односно очекувања на австриските претпријатија кои се однесуваат на Владата се подобрување на инфраструктурата, намалување на бирократијата и борбата против корупција.“ - се посочува во анкетета спроведена меѓу австриските бизнисмени. Во очекување на решение за проблемите, дел од анкетираните посочиле дека следната 2015 та година ќе биде економски подобра. “Компанијата S-Leasing Macedonia е задоволна со резултатите на работењето во 2014 година, иако побарувачката на лизинг производите е многу помала во однос на 2007 и 2008 година. Но слоганот на Sparkassen Group е „Banking business is peoples business„ т.е. „банкарскиот бизнис е бизнис на народот“. Очекуваме мало подобрување во 2015 во однос на продажба на коли и камиони, директни странски инвестиции а со тоа и финансирање на машини, како и подобрување на општите макро економски параметри“ - изјавил Мидхет Цетин, генерален директор на “S-Leasing Macedonia“. Австрија е трет инвеститор во Македонија. Според Народната банка, заклучно со првата половина од годинава износот на австриските директни инвестиции во земјава изнесува 437 милиони евра. Најголемиот дел од австирските вложувања се во услужниот сектор, а многу малку во производството. Според претставникот од Австриската амбасада, оваа состојба би можела да се промени. Инаку, во Македонија работат 45 до 50 компании од Австрија во кои се вработени од 5 000 до 6 000 лица во земјава. Со истражувањето беа опфатени менаџери на австриските компании, а беше спроведено од јуни до средината на јули годинава. Д.А.
Слично

Поврзани вести