Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА-ЦИВИЛ: Скоро никој веќе не верува во фер избори

АНКЕТА-ЦИВИЛ:  Скоро никој веќе не верува во фер избори

Поразителни резултати се покажааа на втората онлајн анкета на Центарот за слобода „ЦИВИЛ”,  спроведена во рамките на проектот Слободни избори за слободни граѓан(к)и.

Според анкетата, голем дел од исптаниците биле песимисти, и дури 75 отсто од нив одговориле дека во Република Македонија не се создаваат услови за слободни избори.

Што се однесува до преговорите, 60 отсто од испитаниците ја препознаваат меѓународната заедница како клучен фактор во надминувањето на политичката криза во земјата, а 84,25 отсто сметаат дека преговорите ги кочи  владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

За специјалната обвинителка пак, Речиси една третина од испитаниците (27,04 отсто) веруваат дека таа  ќе работи самостојно, непристрасно и без притисоци, додека 42,54 отсто од нив сметаат обратно.

На прашањето за законот за забрана на понатамошно објавување на опозициски „бомби”, , 85,69 отсто од испитаниците рекле дека треба да  се продолжи со објавување на прислушуваните разговори.

Довербата на граѓаните во институциите е на загрижувачко ниво, затоа што веќе и како да ја нема. Според резултатите од онлајн анкетата на ЦИВИЛ, 95,83 отсто од испитаниците веруваат дека институциите во државата се партизирани.

Во анкетата учествуваа 503 испитаници. Онлајн анкетата траеше до 9 ноември, пред да се назначат новите министри и заменици министри од редовите на опозицијата во македонската влада.

Слично

Поврзани вести