Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Студентите најмалку и веруваат на полицијата, пензионерите најмногу

АНКЕТА: Студентите најмалку и веруваат на полицијата, пензионерите најмногу

„Ставот на граѓаните околу работата на полицијата“-истражување кое на површина ги изнесе поделбите на граѓаните во однос на тоа колкумина и веруваат на полицијата и полициските службеници.

58,5 отсто од граѓаните изјавиле дека имаат доверба во полицискиот сектор во истражувањето кое го спроведе Поинтпулс, регионална мрежа на седум граѓански организации од Западен Балкан поддржан од ЕУ.

Најголема доверба полицијата ужива кај вработените во јавниот сектор и пензионерите, додека студентите и невработените граѓани најмалку им веруваат на полициските сили.

Во однос на истото прашање кај руралните средини е забележано повисоко ниво на доверба отколку во урбаните. Истокот и централните делови исто така покажале повеќе доверба отколку Северозападниот регион и Куманово каде испитаниицте рекле дека многу малку и веруваат на полицијата.

Разлики во мислењата во повеќе аспекти ...

41,2% од анкетираните сметаат дека вработувањето во полицијата се одвива преку политички или роднински или пријателски врски (20,6%). Процентот на оние кои веруваат дека  вработувањето оди преку јавен оглас е само 12,3 отсто.

Колку полицијата ги штити интересите на граѓаните ...

35,5% се на мислење дека полицијата работи како сервис на граѓаните. Наспроти нив 26,8% сметаат дека полицијата работи во интерес на Владата, 25,6% мислат дека полицијата работи во служба на политичките партии, а 12,1% велат дека полицијата е средство за заштита на интересите на луѓето од највисок ранг во полицијата.

„Поинтпулс истражувањето“ покажало дека за најкорумпиран сектор се смета сообраќајната полиција, а тука некаде се и најблиските соработници на министерот за внатрешни работи и граничната полиција. Најмалку корумпирани според граѓаните се  полициските службеници кои се задолжени за јавен ред и мир.

Анкетата опфаќа прашања кои откриваат дека институции во кои корупцијата е најраспространета се судството. Зад него се  обвинителството, пазарната инспекција и царината, а полицијата, по овој параметар, е некаде во средината.

Најдобри оценки во однос на довербата на институиците се образованието и здравството.

Слично

Поврзани вести