АНКЕТА НА СРПСКИОТ СИНДИКАТ: Работниците многу тешко можат да заштедат
Анкетата на синдикатите во Србија покажа дека 71,2 проценти од домаќинствата не можат ништо да заштедат.
Речиси три четвртини од домаќинствата во Србија живеат од плата до плата и се финансиски ранливи.
Според анкетата, спроведена од 7 до 19 август оваа година и во која учествуваа 2.219 испитаници, 18,5 проценти од нив изјавиле дека нивното домаќинство може да заштеди од 5.000 до 12.000 динари месечно, додека само 10,3 проценти од нив можат да заштедат повеќе од 12.000 динари секој месец.
Анкетата покажа дека 50,6 проценти од испитаниците се откажуваат од патување поради ограничен буџет, 16,6 проценти се откажуваат од културни настани, 13,3 проценти се откажуваат од квалитетни производи, 11,2 проценти штедат на количината на купени производи, а 8,3 проценти од испитаниците штедат на други работи.
Од анкетата се гледа дека 46,8 отсто не можат да си дозволат седумдневен годишен одмор, додека 22 проценти од нив би можеле да потрошат од 60.000 до 80.000 динари, 18 проценти од 80.000 до 120.000 динари, а 13,2 проценти повеќе од таа сума.
foto freepik.com
