Анкета на Ројтерс: Колкави се изгледите Грција да ја напушти еврозоната?
Изгледите за излегување на Грција од еврозоната пораснаа на 40 одсто, покажува анкетата на Ројтерс во која учествуваа трговците на валути на светските пазари.
Сепак, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека таа земја би можела да остане дури и во случај да банкротира.
Анкетата покажува и дека испитаниците се поделени по клучното прашање - може ли Грција да остане членка на еврозоната дури и да банкротира.
Од 20 трговци со валути кои учествувале во анкетата, 12 од нив сметаат дека и во тој случај Грција може да остане членка на еврозоната, додека осум од нив сметаат дека тоа не може.
Атина наскоро ќе остане без средства за исплата на пензии и плати на државните службеници, ако нејзните кредитори ЕУ и ММФ не и одобрат понатамошна финансиска помош.
