Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкета: На повеќето Македонци повеќе им се допаѓа новиот изглед на Cкопје

Анкета: На повеќето Македонци повеќе им се допаѓа новиот изглед на Cкопје
Дури 34 % од македонските граѓани не го поддржуваат проектот „Скопје 2014“, покажуваат податоците од последната анкета на Инстититот Димитрија Чуповски, спроведена телефонски на примерок од 2.000 луѓе. На прашањето „Во колкава мера го поддржувате проектот Скопје 2014?“, дури 39, 2 отсто се изјасниле дека до некаде го поддржуваат, 34 % не го поддржуваат, 24, 4% го поддржуваат во целост, а останатите или не сакале да одговорат или немале став по ова прашање. Кога пак истото прашање било поставено кај етничките Македонци 42 % од испитаниците изјавиле дека до некаде го поддруваат проектот, 27 % биле против, 28 % целосно го поддражале. Од Албанците пак, 57 % не го поддржуваат проектот Скопје 2014, 26% до некаде го поддржуваат , а само 14 проценти од нив го поддржуваат во целост. На прашањето „кој лик на Скопје повеќе ви се допаѓа“, 60, 3 отсто одговориле дека новиот, во кој е вклучен Скопје 2014 е подобар, а 35, 6 отсто го поддржале стариот лик на Скопје.
Слично

Поврзани вести