АНКЕТА НА ИРИ: Заслужува ли премиерот уште еден мандат?
32 отсто велат „ДА“, 52 отсто велат „НЕ“- Ова се резултатите од анкетата на тема „Дали премиерот Никола Груевски добро ја врши својата работа и дали заслужува уште еден мандат?“ која ја спроведе ИРИ .
Анкетата покажува дека 67 одсто од граѓаните поддржуваат враќање на опозицијата во парламентот, наспроти 17 кои се против.
33 одсто велат дека специјалната обвинителка Катица Јанева може да работи независно и без опструкции, додека 28 отсто не веруваат во тоа.
Анкетата опфати и прашања поврзани од идните парламентарни избори во кои податоците велат дека 74 отсто би излегле на галасање, 63 одсто веруваат во фер и демократски избори додека 30 одсто сметаат дека нема услови за одржување на демократски избори.
„Дали сметате дека институциите се способни да се справат со нерегуларностите за избори?“, 39 отсто велат „да“, 35 отсто „не“.
На прашањето кои институции имаат најголема одговорност за фер избори 33 отсто сметаат дека тоа е ДИК, 25 отсто МВР, а 20 отсто Владата, додека загирижувачки податок е што 31 отсто анкетираните велат дека гласот на денот на изборите не е таен. 43 отсто сметаат дека политичките партии ја нарушуваат тајноста на гласањето,6 отсто ВМРО-ДПМНЕ и исто толку ДУИ.
Во избирачкиот список не веруваат дури 44 проценти што истражувачите го оценуваат како загрижувачки факт.
Загрижувачки се и економски податоци
„Дали владата има ефикасен план за надминување на економските проблеми“? 57 отсто од испитаниците велат „не“, додека 32 сметаат дека има.
За 47 отсто од анкетираните Македонија се движи во погрешна насока, наспроти 24 отсто кои го велат спротивното.
Корупцијата е најмногу распространета според 51 одсто од анкетираните граѓани,а посебно во судовите, болниците и партиите.
Владините реклами во медиумите негативно влијаат на слободата на медиумите сметаат 41 отсто.
87 отсто од испитаниците се информираат преку телевизија додека 23 отсто преку интернет.
„Сител“ и „Алсат М“ се најгледани телевизии кај поголем број од испитаниците, додека помалку се „Канал 5“, „24 Вести“ и „Телма“.
Загрижувачки податоци покажале дека 63 одсто од анкетираните не читаат весници.
