Анкета на ЦИА: Груевски и ВМРО – ДПМНЕ со најголема доверба, Иванов води помеѓу претседателските кандидати
Никола Груевски и ВМРО - ДПМНЕ со коалициски партнери има најголема доверба кај граѓаните во Република Македонија, покажуваат резултатите од извршеното истражување на јавното мислење, на тема „Политичките ставови и размислувања на граѓаните на Република Македонија II“, од страна на Центарот за истражување и анализа (ЦИА) од Скопје. Истражувањето е спроведено од 12 до 22 март оваа година
Никола Груевски ја има довербата на 37,850 проценти од испитаниците, Зоран Заев на 11,692 проценти, Али Ахмети 7,692, а веднаш по него е Стевчо Јакимовски со 6,768 отсто и Мендух Тачи 5,538 проценти од граѓаните.
Истражувањето е спроведено по методот на теренско истражување, со лице-в-лице интервјуирање на испитаниците во сите 6 изборни единици со вкупно 1.839 испитаници, а маргината на грешка е само 2.29 проценти.
Од анкетираните, на прашањето за која политичка партија би го дале својот глас на парламентарните избори 39,761 отсто се изјасниле за ВМРО - ДПМНЕ со коалициските партнери, 13,538 биле за СДСМ со коалициските партнери, за ДУИ се определиле 6,923 проценти, ДПА 4,461 отсто, а ГРОМ го добил гласот на 4,935 проценти од испитаниците. Со „незнам“ одговориле 19,153 проценти од испитаниците во истражувањето.
Претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов би добил 42,243 проценти, кандидатот Стево Пендаровски 19,692 проценти, Зоран Поповски 5,387 отсто, Илијаз Халими 5,218 проценти, додека неопределени се 18,384 проценти.
Квалитетот на личноста е пресудна за одлуката за кој претседателски кандидат ќе гласаат на претстојните избори, покажуваат резултатите од истражувањето, за 68, 153 проценти од испитаниците, додека 18,692 проценти се изјасниле дека ќе гласаат заради партиската припадност.
Слично
