АНКЕТА НА БРИМА ГАЛУП: Половина од граѓаните се двоумат дали да излезат на гласање
Последната анкета на „Брима Галуп“ покажува дека скоро половина од граѓаните се уште не знаат дали ќе излезат да гласаат на следните избори.
На прашањето, дали доколку утре има избори ќе излезете да гласате, дури 40 отсто од испитаниците рекле дека се уште немаат одлучено.
Оние што одговориле потврдно пак, во најголем број се изјаснале дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМЕН со 33,3 отсто, а 14,7 отсто би гласале за СДСМ.
„Брима Галуп“ анкетираше илјада и седум испитаници во периодот од 29 октомври до 3-ти ноември годинава. Анкетата ја нарача неделникот Република.

Инаку, оваа анкета предизвика меѓупартиски препукувања.Од опозициската СДСМ излегоа во сооштение во кое велат дека ниту една нарачана анкета не може да го спаси Груевски.
„Огромната, растечка поддршка на граѓаните за СДСМ и за лидерот Зоран Заев предизвикува голема нервоза и панични реакции кај Никола Груевски.” – се вели во соопштението на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, одговорија дека СДСМ не сака да го види тоа што и граѓаните и реномираните рејтинг агенции им го кажуваат. „СДСМ се очигледно затворени во некој свој свет и немаат контакт со реалноста и веруваат само на рејтинзите на партискиот институт Прогрес“, реагираше владејачката партија.