Економија, финансии, бизнис

Контакт

Анкета: Македонците и Албанците сложни – Грција не ни мисли добро

Анкета: Македонците и Албанците сложни – Грција не ни мисли добро
Две третини од Македонците ја сметаат Србија за најпријателски настроена држава кон Македонија. Од друга страна пак 56% од Албанците во Македонија сметаат дека не е така. За нив најпријателска соседна земја е Албанија. 80% од Албанци го делат овој став, наспроти 18% од Македонци, покажала анкетата на институтот Димитрија Чуповски за перцепциите на македонските граѓани во однос на соседите пред јунскиот извештај за Македонија. Сепак и едните и другите се согласуваат дека Грција е најнепријателски настроена држава кон Македонија. Само 6% Македонци и нешто под 10% Албанци сметаат дека Грција е пријателски настроена кон Македонија наспорти над 80% граѓани кои не го делат овој став. Во однос на Бугарија пак,  23,5 отсто од Македонците и 36,1 отсто од Албанците сметаат дека Бугарија е пријателска земја, а негативен одговор дале 63,9 % од Македонците, а 33,9 % од Албанците.

Анкетата на институтот Димитрија Чуповски е  спроведена од 17 до 21 мај на 1.050 испитаници.

Слично

Поврзани вести