АНКЕТА: Кој од следните политичари најдобро би се справил со економските проблеми?
Почитувани читатели на Фактор, го запираме гласањето на анкетата „Кој од следниве личности, како премиер најдобро би се справил со економските проблеми на Македонија?“, поради очигледниот обид за злоупотреба на истата.
Имено, денеска во текот на денот, на два наврати, најпрвин утрото, а потоа и во попладневните часови беше забележан хакерски напад врз анкетата со истурање на илјадници гласови за двајца од кандидатите во куси рокови од по пет до десет минути.
Бидејќи не сакаме да учествуваме во евентуална злоупотреба на анкетата, во било какви цели, или за било чии интереси објавуваме дека гласањето е завршено.
Фактор се заблагодарува, и воедно им се извинува на сите свои читатели кои имаа чесни намери при гласањето на оваа анкета.
Нова форма на сондирање на јавното мислење ќе објавиме во моментот кога ќе преземеме безбедносни мерки за заштита од вакви или слични упади на нашата страница.
Слично
