Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Кој од претседателските кандидати може да постигне национално и меѓуетничко единство?

АНКЕТА: Кој од претседателските кандидати може да постигне национално и меѓуетничко единство?
Анкетата е веќе завршена. „Кој од четворицата кандидати како претседател најбрзо ќе постигне единство на национален и меѓуетнички план во државата?“ - ова е прашањето што на новата анкета го поставува веб порталот Фактор. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов во своите настапи низ Македонија бара државно единство за одбрана на националните интереси. „Еднаш кажав и ќе повторам - што е наше ќе си дојде. Но ние да сме посветени, обединети и да имаме еден глас надвор од Македонија. Да имаме државно единство и сите институции заедно да работат и да функционираат за доброто на граѓаните на Македонија“, рече Иванов на митингот во Берово. Со билборди и на албански јазик, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски се обидува да им се доближи и на гласачите - Албанци, но и да покаже дека се залага за повисоко ниво на меѓуетнички соживот и толеранција. „Дебар, како што бил традиционално, со векови наназад, е додржан како модел за соживот, за добра живејачка меѓу сите националности од различни вери. Јас сакам тој модел на соживот и разбирање меѓу обичните луѓе да го видам во цела Македонија“, порача Пендаровски при посетата на Дебар. За единство државно и меѓуетничко се залага и кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски. Неговата кампања се заснова претежно на економскиот развој, но и за ова е потребно единство, смета Поповски. „Крајно време е да си подадеме рака, да се обединиме околу клучните национални приоритети и пред меѓународната јавност да покажеме достоинство и сериозност“, вели тој. Кандидатот за претседател на ДПА Илјаз Халими досега кампањата ја води во градовите и населените места во западниот дел на земјата, каде што има повеќе албански гласачи. Многу малку им се обратил на гласачите-Македонци. Сепак и тој во своите приоритети, доколку биде избран за претседател на државата, најавува дека ќе го јакне соживотот во земјата. „Македонија е мултиетничка держава, па затоа ќе се залагам за соживот и јакнење на меѓуетничките односи“, вели Халими на митинзите. Анкетата за тоа кој од овие кандидати најдобро ќе се справи со предизвикот за изградба на внатрешно национално и меѓуетничко единство е отворена за сите посетители на Фактор.мк, а Вашиот глас можете да го дадете и веднаш под овој текст. Во истовреме, можете и да ги проверите резултатите од досегашното гласање.
Слично

Поврзани вести