Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Кои лидери се најдобри за Србите?

АНКЕТА: Кои лидери се најдобри за Србите?

Граѓаните на Србија велат дека за нив најдобар политички лидер бил Јосип Броз Тито. 

Според мислењата на анкетираните, зад него е актуелниот премиер Александар Вучиќ. Оваа анкета ја направи Демостат  во 2016 година.

Според српски „Блиц“, кои имале увид во резултатите, на листата следува поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а далеку зад него е некогашниот претседател на СРЈ, Слободан Милошевиќ кој добил 3%  гласови. Борис Тадиќ и Воислав Коштуница добија по 2%  гласови.

Во рангирањето на шест лидери, Тито има предност кај сите образовни групи, а Вучиќ само кај среднообразованите испитаници – 28 во однос на 25%. 

Анкетата со 1.500 испитаници е направена „лице-во-лице“. Опфатени се и теми – како живеат граѓаните на Србија, имаат ли надеж во промени на подобро, однос на граѓаните кон демократијата и политичките партии, но и за шанси за изборите идната година. 


Слично

Поврзани вести