Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА КАЈ СОСЕДИТЕ: Осум од десет Грци сакаат да се вакцинираат, шестмина тоа би го направиле веднаш

АНКЕТА КАЈ СОСЕДИТЕ: Осум од десет Грци сакаат да се вакцинираат, шестмина тоа би го направиле веднаш

Осум од десет Грци, сигурно (61 отсто) или веројатно (21 процент), ќе ја примат вакцината против ковид-19, а шест од десет сакаат колку што е можно побргу да се вакцинираат, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse” за грчката телевизија „Скај”, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, 59 проценти од анкетираните изразуваат загриженост за новите мутации, а со оглед на тоа дека земјата од 7 ноември во 2020 година е во карантин, 35 отсто сметаат дека потребно е веднаш да се олабават мерките, додека пак 34 проценти одговориле дека најдобро е да има мало продолжување на рестрикциите.

Поделено е мислењето на граѓаните во однос на тоа како Владата управува со пандемијата, со оглед на тоа дека 47 отсто од анкетираните ги оценуваат позитивно владините одлуки и активности и исто толку негативно.

На политичката сцена, Мицотакис и натаму е во предност пред Ципрас во однос на тоа кој е посоодветен за премиер. Актуелниот претседател на грчката Влада добива 44 отсто, лидерот на СИРИЗА – 27 проценти, а 27 отсто го одбрале одговорот „ниту еден од двајцата”.

Разликата меѓу владејачката Нова демократија и опозициската СИРИЗА е 11 проценти, намалена за три отсто споредбено со истражувањето еден месец претходно.

Слично

Поврзани вести