Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Груевски со најголема доверба – Иванов со најголема поддршка за нов мандат

АНКЕТА: Груевски со најголема доверба – Иванов со најголема поддршка за нов мандат
Според резултатите од последната Анкета на ИПИС, премиерот Груевски и понатаму е со најголема доверба помеѓу останатите лидери на политички партии. ВМРО – ДПМНЕ е партија со најголем рејтинг. На прашањето - За која партија ќе гласате на предвремените парламентарни избори, најголемиот број  однсосно 24,2% својот глас го дале за ВМРО – ДПМНЕ,  а за СДСМ 17.4, за ниедна 21.3, друга 6 отсто од испитаниците, но одговор не знам/НО дале 23.4%. За ДУИ би гласале 6.9, за ДПА 3.9, за НДП 1.2 и за ГРОМ 1.1 од вкупниот број исптаници. На прашањето - Во кој политичар имате најголема доверба во моментов, 24,3 отсто одговориле за  Никола Груевски. На второто место по доверба но далеку зад Груевски е лидерот на СДСМ Зоран заев со 8,3 отсто доверба. Трет е Али ахмети со доверба од 7,1%. Мендух Тачи има доверба од 7,1, Руфи Османи од 1,3 отсто од испитаниците, доддека андреј Жерновски е со доверба од 0,4 отсто. Шекеринекса има доверба од 2,1%, за Бранко Црвенковски довербата ја дале 1,8 отсто од испитаниците за за Стевчо Јакимовски 1,3. На прашањето -  Доколку излезете да гласате на претседателските избори за кој кандидат би се определиле, 29,3 отсто би го дале својот глас за Ѓорге Иванов, 19,4 за Стево Пендаровски, 6,1% за Илијаз халими и 1,5 отсто за Зоран Попоски. И на ова прашање 35 % од испиѕтаниците не дале одговор. Истражувањето било спроведено преку телефонска анкета од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 4 и 7 март 2014 година на 1113 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.  
Слично

Поврзани вести