Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: Граѓаните се против новата еврообврзница од 650 милиони евра!

АНКЕТА: Граѓаните се против новата еврообврзница од 650 милиони евра!
Најголем дел од читателите на Фактор сметаат дека Македонија воопшто не треба да се задолжува со нова еврообврзница. Анкетата што ја спроведовме минатата недела покажа дека 70 отсто од анкетираните се против еврообврзница, 12 отсто сметаат дека задолжување е можеби потребно, но во помал износ, а 17 отсто целосно се согласуваат дека е потребно задолжување од 650 милиони евра. Еврообврзницата беше одложена откако 4 те европски банки изразија недоверба во правната издржаност на еврообврзницата, по писмото што до нив го упати опозициската партија. Претходно, експерти, аналитичари, новинари, со свои колумни или ставови по медиумите остро се спротивставија на новото задолжување, сметајќи дека тоа ќе ја доведе Македонија до многу тешка ситуација. Главниот проблем на македонските задожувања е што парите главно се трошат на непродуктивни инвестиции, во плати, пензии или субвенции, не носат развој, па експертите сметаат дека ќе дојде момент кога Македонија нема да има сили да ги враќа своите долгов anketa evroobvrznicaНапоменуваме дека станува збор за он-лајн анкета во која е невозжможно да се запазат стандарди за испитување на јавно мислење во смисла на демографија, националност, пол и слично. На следниот линк: СЕ ЗА ЕВРООБВРЗНИЦАТА НА ФАКТОР  
Слично

Поврзани вести