АНКЕТА: Фирмите незадоволни од системот на јавни набавки, ама не се осмелуваат да се жалат
Oбемноста на документацијата што се бара за учество на тендерите, задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки и приспособувањето на условите за учество на тендерите за да одговараат само на одредени понудувачи - ова се главните проблеми со кои се соочуваат фирмите во јавните набавки, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
Истражувањето за искуството во јавните набавки беше спроведено во периодот јуни-јули 2014 година, со учество на 267 фирми од сите поголеми градови и региони во земјава.
Фирмите што реализирале договори за јавни набавки просечно чекаат по шест месеци за наплата на побарувањата од тендерите. Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките. Само сосема мал дел од анкетираните фирми (8%) сметаат дека со задолжителните електронски аукции на тендерите се овозможува победа на најдобрата понуда.
Високите трошоци и недовербата кон жалбената постапка се главните причини поради кои 93% од анкетираните фирми ретко или никогаш не вложуваат жалби. Фирмите го оценуваат со 2,86 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) целокупниот процес на јавни набавки во земјава, што е минимално подобрување на оценката од пред две години, која изнесуваше 2,84.
Слично
