АНКЕТА: Ердоган најугледен во арапските земји
Според
арапската редакција на Би-Би-Си трускиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е
најпочитуван лидер во арапскиот свет. Оваа го покажала анкетата направена врз
25.000 млади лица од 11 држави.
Анкетираните млади лица од Тунис, Алжир, Јордан, Судан, Египет, Јемен, Либија, Ирак, Палестина, Мароко и Либан го поддржиле Ердоган со 51 %, додека второто високо место е за претседателот на Русија, Владимир Путин со поддршка од 28 отсто, младите од арапскиот свет со 12 отсто го подржуваат и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Анкетата покажала и дека 13 % од младите изјавиле дека не се религиозни, за разлика од 8 отсто во анкетата направена во 2013 година. Оддалечување од религијата е забележано кај лица под 30 години.
Во Судан и во Јордан поддршката за Ердоган е над 75 отсто, додека Путин „води” во Либија, Либан и во Египет.
Слично
