Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ОБНОВЕНО)АНКЕТА: Дали Македонската Радио Телевизија (МРТВ) е вистински јавен сервис?

(ОБНОВЕНО)АНКЕТА: Дали Македонската Радио Телевизија (МРТВ) е вистински јавен сервис?
Дали Македонската радио телевизија ја игра улогата на вистински јавен сервис? Деновиве, во време на жешки политички превирања на македонската сцена, многумина сметаат дека медиумската слика е еден од најважните елементи што можат да креираат ваква или онаква општествена атмосфера. Оттаму за оваа анкета се определивме да Ви поставиме едноставно прашање. Дали сметате дека МРТВ е вистински јавен сервис, а како опција Ви понудивме три можни одговори. ДА, НЕ и НЕ ЗНАМ. Но, објавуваме дека го запираме гласањето на анкетата „Дали МРТВ е вистински јавен сервис?“, поради очигледниот обид за злоупотреба на истата. Имено, во доцните часови во 00 часот и 33 минути, беше забележан хакерски напад врз анкетата со истурање на 5000 гласови во рок од 5 минути за еден од понудените одговори (што не кореспондираше со бројот на читатели на сајтот во наведениот период). Бидејќи не сакаме да учествуваме во евентуална злоупотреба на анкетата, во било какви цели, или за било чии интереси објавуваме дека гласањето е завршено. Фактор се заблагодарува, и воедно им се извинува на сите свои читатели кои имаа чесни намери при гласањето на оваа анкета. Нова форма на сондирање на јавното мислење ќе објавиме во моментот кога ќе преземеме безбедносни мерки за заштита од вакви или слични упади на нашата страница.
Слично

Поврзани вести