Економија, финансии, бизнис

Контакт

АНКЕТА: 56% од граѓаните ќе излезат на гласање, ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ!

АНКЕТА: 56% од граѓаните ќе излезат на гласање, ВМРО-ДПМНЕ со предност пред СДСМ!

56% од граѓаните велат дека ќе излезат на избори ако истите се одржат во недела, додека 40% од испитаниците нема да излезат да гласаат.

Ова се резултатите од телефонската анкета која ја спроведе компанијата Фактор Плус.

Анкетата покажува дека 77% од граѓаните ако излезат на предвремени парламентарни избори знаат за кого би гласале, наспроти 23% кои одговориле со „незнам“!

Највисок рејтинг ужива партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ која ја поддржале 29,9%, наспроти опозицијата за која од испитаниците се искажале 23,5%. Како неопределени се изјасниле  28,5% од испитаниците.

Анкетата опфати и прашања поврзани од договорот од Пржино кој го потпишаа четирите најголеми партии во земјава.

34%  од испитаниците одговориле дека Договорот од Пржино е целосно исполнет, додека 55% сметаат дека е делумно исполнет.

За 9% од испитаниците договорот не е исполнет, а 2% немаат коментар за ова прашање.

Во однос на рамноправната застапеност во медиумите на политичките партии 57% сметаат дека не се подеднакво застапени сите партии во медиумите, а 33% сметаат дека се во сооднос на нивната сила.

„Дали го поддржувате членството на Македонија во ЕУ?“ - Високи 75% одговориле позитивно, додека 17% не го поддржуваат членството на земјава во евроинтеграциите.

Што велат аналитичарите за акнетите поврзани со изборите:

Неодамна, политичкиот аналитичар Петар Арсовски за фактор изјави дека анкетите на рејтинг агенциите треба да се гледаат како насока за располжението на електторатот,  а не само како бројки

При тоа тој објаснува дека во последните пет до шест години, особено кога се работи за политичко истражување постојано има дискрепанца меѓу резултатите што се добиваат од анкетите и реалните состојби на терен.

„Ќе посочам пример дека анкетите ги утнаа резултатите во Фрнација, потоа за референдумот во Грција. И анкетите  во Македонија не соодветсвуваат со резултатите на терен. Дали луѓето се плашат кога одговараат, дали премногу се анкетира, има многу фактори за анализа, но, се покажува дека одговорите на прашањето „За кого би гласале ако изборите се одржат утре“, не го даваат точното политичко расположение на електоратот, вели Арсовски.

Арсовски објаснува дека на сите анкети најчесто се применува дополнителен подер за да се претстави политичкото расположение на граѓаните и затоа анкетите не треба да се гледаат како бројка, туику како насоко кои го даваат расположението.

„Во таа смисла, два заклучоци може да се извадат од последната анкета на ИРИ, а тоа е дека се намалува разликата меѓу власта и опозицијата, односно дека опозициското расположение се зголемува, но власта и натаму води, и не сме виделе досега ниту една анкета во која опозицијата води“, вели Арсовски.

Според Арсовски вистинскиот турбуленттен период ќе следи доправа, особено ако се постигне договор во преговорите меѓу власта и опозицијата, б

Слично

Поврзани вести