АНКЕТА: Извинување за бомбардирањето не прифаќаат 64% од Србите
Мнозинство граѓани на Србија не прифаќаат извинување од НАТО поради бомбардирањето на државата пред 18 години, покажува анкета од Институтот за европски работи.
Тие се противат на влез на Србија во НАТО. Извинување поради бомбардирањето не прифаќаат 64% анкетирани додека против членство во НАТО се 84% испитаници. Членство поддржуваат само 11%, додека 5% се неопределени.
Извинување од НАТО прифаќаат помалку од третина жители на Србија.
Помалку од 40% одговориле дека главна причина за бомбардирањето е политиката на Слободан Милошевиќ, а 17,6% тврдат дека е причина етничкото чистење на Србите во Косово. 11,3% велат дека причина се политички интереси, додека 7% не знаат да наведат која било причина, јави Танјуг.
На денешен ден пред 18 години авиони на НАТО почнаа операции за бомбардирање на СР Југославија, првпат од формирањето на Алијансата без согласност од СБ на ОН. Во воздушните напади што траеја 78 дена загинаа најмалку 2.500 луѓе.
